Wednesday, May 14, 2014

Проект со прогрмата за мултимедијални презентации

Направи презентација во Microsoft Power Point или Impress која ќе ги задоволува следните барања:

  1. Тема на презентацијата може да биде по твој избор
  1. Презентацијата да има 7 слајда (првиот насловен кој ќе го содржи името на презентацијата и твоето име)
  2. Дизајнот нека биде по твој избор, само последниот слајд да биде во сина боја,
  3. Анимациските ефети врз сите објекти (наслов, текст или слика) нека се појавуваат автоматски без употреба на глуче,
  4. Премините меѓу слајдовите нека се сите исти со клик, освен вториот што ќе се појавува после 5 секунди,
  5. Постави хиперврска од последниот слајд до насловниот слајд,
  6. Зачувај ја презентацијата и нејзинотот име нека биде твојот реден број во дневникот и твоето име и презиме,
  7. Прати ја готовата презентација на е-маил: kk_informatika@yahoo.com најкасано до 18.05.2013 година.
  8. Сите прашања околу креирањето на презентацијата остави ги во коментар.
      Пријатна работа.

      Терминот за дополнителна е Понеделник (19.05) во 14 часот.

Friday, March 7, 2014

Вежба 7

Вежба 7.
Направи ја следната табела:

1. Ќелиите што се со задебелен текст нека бидат обоени темно сино, со бел и задебелен текст, другите ќелии нека бидат обоени светло жолто, со зелен текст.
2. Внимавај на порaмнувањето на текстот.
3. Рамките нека бидат во сина боја.
4. Користејќи ги соодветните функциите за Вкупно поени и Просечно по  пресметај ги податоците што се бараат.
5. Во ќелиите за формули пресметај ги  вредностите според овие формули
I= КолоI * КолоIII * КолоV
J= (КолоII + КолоIV + КолоVI )/3
K= КолоI * КолоVI + КолоII / КолоIV – 2* КолоIII (Користи автоматско пополнување) 
6. Прикажи ги со столбови сите клубови со нивните резултати во сите кола;
7. Прикажи ја со линиски дијаграм зависноста на Клуб I и Клуб IV за сите одиграни кола;
8. Прикажи ги со пита сите клубови со формулата  Ј.

Прати ја на меилот kk_informatika@yahoo.com до вторник 11.03.2014 г.
Пријатна работа !!!!













Monday, February 17, 2014

Домашна работа број 3

Креирај ја следната табела

    Упатства за работа: Внимавај на формарирањето на податоците (порамнување, стил), уредување на границите(боја, стил), тип на податоци (датум, ден., евра)
  1. Направи столбест графикон со кој ќе ја прикажеш зависноста на сите ученици со оценките што ги имаат по математика, информатика и ликовно образование;
  2. Со линиски дијаграм покажија зависноста за сите предмети на учениците Петар Крстевски, Кристијан Митревски и Анастасија Петрушевиќ;
  3. Со пита прикажија зависноста на сите ученици со цената на униформите во евра.

    Документот креиран во Excel (Calc) прети го до 23.02 недела на  kk_informatika@yahoo.com 

    Пријатна работа!!!

Tuesday, December 17, 2013

URL адреси на креираните блогови


VII 1 Адреси на блогови
Селда Адемовска
Андреј Гулевски http://andrej4egul.wordpress.com/
Григор Димитриевски http://dimitrievskigrigor.wordpress.com
Петар Димовски http://darkwalker312.wordpress.com
Кемал Јашаров http://kemalbt.wordpress.com
Мартин Колоски http://kkmartinkoloski.wordpress.com
Јована Лавуровска http://kkjovanalavurovska.wordpress.com
Виктор Манговски
Ѓорги Милошевски http://gorgimilosevski.wordpress.com/
Игор Петковски http://kkigorpetkovski.wordpress.com
Христијан Српчански
Ангела Стојановска http://angelastojanovska15.wordpress.com/
Бодан Талев http://kkbodantalev.wordpress.com/
Бобан Тасевски http://kkbobantasevski.wordpress.com
Анабела Ширијовска http://kkanabelasirijovska.wordpress.com/
Илче Шојлелевски http://kkilcesojlelevski.wordpress.com
Тамара Штаковска http://kktamarastakovska.wordpress.com

Monday, December 9, 2013

URL адреси

Ве молам во коментар оставете ја адресата на блогот што го креиравте.

Monday, November 11, 2013

Проект со апликацијата за уредување на текст

ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ

Темата на проектот: Енергијата и климатските промени, Влијанието на енергијата врз живиот свет
    Креирај документ од 2 страни според следните барања (текстот да не биде копиран   од Интернет без можност за негово менување):
· Маргини левата 1,5 цм; десната 1 цм; горната и долната по 2 цм, можеш да ставиш и боја на позадината како и рамка на страницата;
· Твоето име и презиме на десна страна (во футерот-подножјето) со црвена боја, задебелено;
· Проект централно (во хедерот-заглавјето) со сина боја, искосено, подвлечено и 14 големина на буквите;
· Вториот пасус на првата страна нека биде во две колони;
· Во другите пасуси примени различен проред, вовлекување или извлекување (прв ред), празен простор пред и по пасусот, порамнување;
· Три слики (едната позади текстот осветлена), околу другите слики текст;
· Фуснота на некој збор по твој избор (од втора страна);
· Коментар-белешка  на еден од зборовите на втора страна;
· Хиперлинк кон веб страна на која има најмногу податоци за соодветната тема;
· Клучните зборови нека бидат нагласени (боја, стил), а целиот текст да биде соодветно уреден и форматира.
· Да се испрати на е-mail kk_informatika@yahoo.com  до 17.11.2013 година.

Успешна работа!

За се што сакате да прашате во врска со изработката на проектот оставете коментар.