Monday, November 11, 2013

Проект со апликацијата за уредување на текст

ИЗРАБОТКА НА ПРОЕКТ

Темата на проектот: Енергијата и климатските промени, Влијанието на енергијата врз живиот свет
    Креирај документ од 2 страни според следните барања (текстот да не биде копиран   од Интернет без можност за негово менување):
· Маргини левата 1,5 цм; десната 1 цм; горната и долната по 2 цм, можеш да ставиш и боја на позадината како и рамка на страницата;
· Твоето име и презиме на десна страна (во футерот-подножјето) со црвена боја, задебелено;
· Проект централно (во хедерот-заглавјето) со сина боја, искосено, подвлечено и 14 големина на буквите;
· Вториот пасус на првата страна нека биде во две колони;
· Во другите пасуси примени различен проред, вовлекување или извлекување (прв ред), празен простор пред и по пасусот, порамнување;
· Три слики (едната позади текстот осветлена), околу другите слики текст;
· Фуснота на некој збор по твој избор (од втора страна);
· Коментар-белешка  на еден од зборовите на втора страна;
· Хиперлинк кон веб страна на која има најмногу податоци за соодветната тема;
· Клучните зборови нека бидат нагласени (боја, стил), а целиот текст да биде соодветно уреден и форматира.
· Да се испрати на е-mail kk_informatika@yahoo.com  до 17.11.2013 година.

Успешна работа!

За се што сакате да прашате во врска со изработката на проектот оставете коментар.

Friday, November 1, 2013

Информација за понеделник 4.11.2013г

Заради попставвањето на нов Интернет провајдер понеделник морам да одам во ПУ с. Буково и ПУ Буковски Ливади, затоа дополнителната наместо во 10 часот ќе биде во 12 часот, а додатната настава оваа недела ќе ја реализираме во среда во 12 часот.
Ве молам споделетеја информацијата со останатите ученици.