Wednesday, October 9, 2013

Домашна работа

Ви праќам прашања за трите лекции што ги работевме. Прашањата да се одговрат во тетратка по Информатика (не мора да ги препишувате- само одговарајте) и истата да ја носите на секој од наредните часови.
Еве ги прашањата:
Пасус
  1. Што е пасус?
  2. Кое друго име се користи за пасус?
  3. Кои уредувања на пасус се можни во програмата за уредување на текст?
  4. Дали може да уредуваме пасус ако курсорот е поставен било каде во пасусот?
  5. Дали растојанието меѓу редовите и меѓу пасусите е едно исто уредување?

Колони
  1. Каде најчесто среќаваме пишување на текст во колони?
  2. Што може да се избере при уредувањето на текст во колони?
  3. Дали шираната на колоните и растојанието меѓу нив мора да биде еднакво?

Уредување на страница
  1. Што е заглавие, а што подножје на страна и како се поставуваат?
  2. Каде се поставуваат содржините на заглавјето и подножјето?
  3. Дали може да се форматира текстот во заглавјето и подножјето?
  4. Дали може поставеното заглавје и подножје да се промени или избриши?
  5. Што е фуснота и со која команда се поставува?
  6. Каде на страницата се позиционира фуснотата?
  7. Што се тоа коментари во текстуален документ?

    Се што не е јасно или сакате да прашате оставете во коментар.

    Пријатна работа!

1 comment:

  1. od 13 do 15 ne mi se jasni prasanjata.

    ReplyDelete